Во тешка автобуска несреќа што се случила во Јакутија, на Далечниот исток на Русија, утрово загинале најмалку 14 луѓе, а 7 се пренесени в болница со тешки повреди.
Како што соопшти руското МВР, автобусот паднал од брег во амбис, 25 метри подолу, при што покрај патниците, загинал и возачот на автобусот, кој најверојатно загубил контрола над возилото, по што тоа излегло од коловозот и паднало од брегот.
Несреќата се случила на индустрики пат на Денисовскиот рударско-преработувачки комбинат.
Во автобусот имало 36 лица.
The post Автобус паднал од брег висок 25 метри – загинати најмалку 14 луѓе на рускиот Далечен исток appeared first on Локално.