Почеток Црна ХроникаАвтомобил покоси двајца исландски спортисти – учесници на Европските младински олимписки игри, завршија во кумановската болница

Автомобил покоси двајца исландски спортисти – учесници на Европските младински олимписки игри, завршија во кумановската болница

pretres.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Двајца малолетни велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри што се одржуваат во нашата земја, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на 23 јули 2025 година, во 12.09 часот, на регионалниот пат Куманово–Свети Николе, во атарот на село Зубовце.

Како што информираа од СВР Куманово, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Н.Б. од Куманово, удрило во двајцата велосипедисти додека тие се подготвувале за денешната велосипедска трка.

Повредените спортисти се пренесени во Општата болница во Куманово, каде им биле констатирани телесни повреди. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

The post Автомобил покоси двајца исландски спортисти – учесници на Европските младински олимписки игри, завршија во кумановската болница first appeared on Претрес.мк.

Можно е и ова да ти се допаѓа