Азербејџан направи нешто на што досега не се осмелила ниту една друга држава што произлегла од Советскиот Сојуз – уапси свои државјани поради нивно учество во руската приватна воена компанија, всушност платеничка војска, „Вагнер“, јави Euromaidan Press.
Двајцата Азербејџанци, коишто претходно издржувале затворски казни во руски затвори, биле врбувани од „Вагнер“ и испратени во Украина.
Сега во својата татковина тие се обвинети за користење огнено оружје и експлозивни материи на територијата на Украина, како и за обид за врбување други луѓе за „Вагнер“.
Односите на Азербејџан, кој важеше за умерено лојален сојузник на Русија почнаа да се влошуваат по адот на патничкиот авион на „Азербејџан Ерлајнс“ во декември лани, а ескалацијата се случува во последниве десетина дена.
Азербејџан решен да ја тужи Русија поради соборениот патнички авион
The post Азербејџан уапси поранешни „вагнеровци“ за воени злосторства во Украина appeared first on Локално.