Почеток Активисти за заштита на животната средина ја испрскаа американската амбасада во Лондон поради победата на Трамп

Активисти за заштита на животната средина ја испрскаа американската амбасада во Лондон поради победата на Трамп

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Активисти за заштита на животната средина денеска со портокалова боја испрскаа дел од зградата на американската амбасада во Лондон.

Тоа го направија во знак на протест поради победата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД, пренесуваат локални медиуми.

На видеото објавено од групата „Само запрете го маслото“ на платформата X, се гледаат двајца членови на организацијата како го прскаат ѕидот на амбасадата со портокалова боја.
Организацијата наведе дека „победата на Трамп ги става во опасност животите на обичните луѓе насекаде“, објави Ројтерс.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ја победи демократската кандидатка Камала Харис по победата во Висконсин, пренесоа американските медиуми.

Трамп доби 10 електорски гласови во Висконсин, што го прави да има вкупно 277 електорски гласови. За победа на претседателските избори потребни се најмалку 270 електорски гласови.

Текстот Активисти за заштита на животната средина ја испрскаа американската амбасада во Лондон поради победата на Трамп е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro