Почеток МАКЕДОНИЈА Активни се седум пожари на отворен простор заклучно со 21:00 часот, од вкупно 38 во текот на денешниот ден

Активни се седум пожари на отворен простор заклучно со 21:00 часот, од вкупно 38 во текот на денешниот ден

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Активни се седум пожари на отворен простор заклучно со 21:00 часот, од вкупно 38 во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола се четири пожари, а 27 се изгаснати.

ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Чучер Сандево помеѓу с.Блаце и с.Горњани, м.в.Рамна шума каде гори шумски пожар, во Општина Прилеп кај с.Бешиште, м.в.Бешишки Рид приземен во мешана шума, во Општина Македонски Брод помеѓу с.Црешнево и с.Локвица гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Македонски Брод кај с.Крапа гори нискостеблеста шума, во Општина Дојран кај с.Николич гори нискостеблеста шума, во Општина Чашка под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка, каде нема активен пламен, само чад во карпест дел гори шумски пожар и во Општина Тетово кај бензинска пумпа Окта Петрол гори нива.

Под контрола се ставени пожарите во Општина Македонски Брод кај с.Рамне – с.Ковче каде гореше ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков, во Општина Македонски Брод 2 кај с.Слатина гореше мешана шума, во Општина Македонски Брод 3 кај с.Слатина гореше гори нискостеблеста мешана шума и во Општина Делчево кај градска депонија Острец каде гореше депонија.

Изгаснати се 27 пожари, и тоа во Општина Шуто Оризари кај с.Визбегово каде гореше депонија, во Општина Ѓорче Петров кај с.Орман гореше ниска вегетација и дрво, во Општина Гази Баба кај Смилковското Езеро гореше ниска вегетација, во Општина Аеродром на ул. „3-та Македонска Бригада“ гореше сува трева, во Општина Кисела Вода на ул.„Малешевска“ во нас.Драчево гореше сува трева, во Општина Студеничани кај с.Батинци гореше ѓубре, во Општина Струмица кај с.Куклиш гореше стрниште и сува трева, во Општина Василево кај с.Владевци гореше нискостеблеста шума, во Општина Велес кај градската депонија во Велес гореше ѓубре, во Општина Кавадарци на ул.„Диме Туриманџов“ гореше ѓубре, во Општина Карбинци 1 кај с.Горни Балван гореше сува трева, во Општина Карбинци 2 кај с.Крупиште гореше сува трева, во Општина Карбинци 3 кај с.Радање гореа стрниште и сува трева, во Општина Делчево 1 кај м.в.Брежје гореа грмушки и сува трева, во Општина Делчево 2 кај м.в.Брежје гореа грмушки, смрека и дел борова шума, во Општина Кочани 1 кај Спомен дом АСНОМ во Кочани гореше сува трева, во Општина Кочани 2 кај селата Јастребник и Полаки, м.в.Бабиште гореа шума и сува трева, во Општина Куманово кај нас.Средорек гореа ѓубре и сува трева во Општина Крива Паланка 1 кај с.Градец гореа шума и сува трева, во Општина Крива Паланка 2 кај с.Конопница гореше борова шума, во Општина Крива Паланка кај с.Лозаново, во Општина Желино кај с.Ларце – с.Горна Лешница – мешана шума, во Општина Тетово 1 кај с.Џепчиште – сува трева, во Општина Тетово 2 на патен правец Тетово – с.Селце гореше дива депонија, во Општина Гостивар гореше сува трева, во Општина Прилеп кај Салида во Прилеп – сува трева и во Општина Долнени кај с.Долнени гореше сува трева.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro