Центарот за управување со кризи информира дека на територијата на државата се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои: 7 се активни, 3 се под контрола и 19 се изгаснати.
 
 АКТИВНИ ПОЖАРИ:
Општини Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација);
 Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева);
 Општина Македонски Брод – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
 Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума);
 Општина Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);
 Општина Липково – с. Ваксинце (ниска вегетација и стрниште);
 Општина Петровец – с. Горно и Средно Коњари (ниска вегетација).
 
 ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА:
Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, м.в. Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација);
 Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева);
 Општина Демир Капија – кај тунелите на автопатот Е-75 (ниска вегетација).
ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ:
Општина Маврово и Ростуше – с. Симница према с. Церово (мешана шума и нива);
 Општина Тетово – кај фабрика Муневере (ниска вегетација);
 Општина Гостивар – с. Беловиште (нискостеблеста дабова шума);
 Општина Велес – с. Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума);
 Општина Куманово – с. Речица (ниска вегетација);
 Општина Куманово – с. Романовце (ниска вегетација);
 Општина Куманово – с. Речица, кај свињарска фарма (ниска вегетација);
 Општина Прилеп – с. Штавица кон Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума);
 Општина Прилеп – с. Вранче (жито);
 Општина Прилеп – дива депонија кај с. Мажучиште (ѓубриште);
 Општина Ресен – помеѓу с. Шурленци и с. Езерани (трска и ниска вегетација);
 Општина Кичево – с. Белица (ниска вегетација и грмушки);
 Општина Струга – с. Велешта (ниска вегетација);
 Општина Пласница – с. Пласница (ниска вегетација);
 Општина Гази Баба – с. Црешево (ниска вегетација и мешана шума);
 Општина Гази Баба – парк шума Гази Баба (ниска вегетација);
 Општина Сарај – с. Семениште (ниска вегетација и мешана шума);
 Општина Сарај – кеј на реката Вардар (ниска вегетација и ѓубриште);
 Општина Штип – с. Лесковица (мешана нискостеблеста шума).
The post Активни се седум пожари appeared first on Локално.
 
 
