Почеток Црна ХроникаАкциска контрола на СВР Скопје, лишени од слобода 11 лица, од кои шест малолетници

Акциска контрола на СВР Скопје, лишени од слобода 11 лица, од кои шест малолетници

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа и денеска (19/20.07.2025) во периодот од 19.00 до 02.30 часот на подрачје на Центар извршија акциска контрола во угостителски објекти во координација и соработка со Државниот пазарен инспекторат.

Во рамки на контролата на 12 угостителски објекти, четири лица беа лишени од слобода врз основ на чл. 215 став 3 и 236 став 1 од КЗ на РСМ, а беа приведени и други девет лица од кои шестмина малолетници.

Покрај ова евидентирани беа прекршувања по основ на Закон за лична карта, Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, Закон за возила и Закон за оружје.

Инаку во рамки на акциската контрола извршени се 26 проверки на идентитети, 23 прегледи на лица и 11 прегледи на патнички моторни возила, а седум возила беа подигнати со „Пајак“.

Дополнително и од страна на Единицата за недозволена трговија беа преземени оперативни активности така што две лица беа приведени заради утврдување на идентитет, 22 лица беа легитимирани, а исто така извршен е преглед кај 19 лица и осум патнички моторни возила.

Можно е и ова да ти се допаѓа