Почеток МАКЕДОНИЈА Александар Ѓорчевски е ослободен од обвинениет: Што тврдеше претходно таткото на Вања?

Александар Ѓорчевски е ослободен од обвинениет: Што тврдеше претходно таткото на Вања?

Лидер мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Александар Ѓорчевски е ослободен од обвинениет

Таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски е ослободен од обвинениет.

Судот пресуди дека обвинителството не докажало, надвор од разумно сомневање, дека тој со умисла им помогнал на обвинетите за грабнување на неговата ќерка.

Трошоците за судската постапка против него се на товар на државниот буџет.

ПРЕСУДА ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Доживотен затвор за Палевски, Манев, Видевски и Кешишев за убиствата на Вања и Панче – таткото Ѓорчевски ослободен

За убиствата на Вања и Панче Жежовски, судот на доживотен затвор ги осуди Палевски, Манев, Кешишев и Видевски.

Видеото погледнете го во продолжение.

(ВО ЖИВО) Се изрекува пресудата за грабнувањата и убиствата на Вања и Панче

Што тврдеше претходно таткото на Вања?

Ѓорчевски претходно рече дека смета дека полицијата погрешно ја водела истрагата, бидејќи ги уверувале дека не си го знаат детето, дека побегнала во Тетово, потоа во Шведска. Токму поради пасивноста на полицијата, како што рече, едиствен спас му бил да се фокусира на камерите и да прибавува снимки.

„Ниту ги познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам, додека траат рочиштата претежно мижам. Затворени ми се очите, не можам да ги гледам. Во минатото, не се сеќавам од која временска дистанца, се крена врева поколу објектот „Тифани“ во чија непосредна близина живеам јас и тогаш за прв пат слушнав за Палевски, меѓутоа не како Палевски туку меѓу нас комшиите го нарекувавме Упа. Го немам видено на ТВ ниту запознаено“, рече Ѓорчевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември. На 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Извор: Телма

The post Александар Ѓорчевски е ослободен од обвинениет: Што тврдеше претходно таткото на Вања? appeared first on Радио Лидер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro