Почеток МАКЕДОНИЈА Алијанса за Албанците: ДКСК да отвори постапка за Изет Меџити, ги злоупотребува државните канцеларии

Алијанса за Албанците: ДКСК да отвори постапка за Изет Меџити, ги злоупотребува државните канцеларии

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Лидерите на коалициските партии во нелегитимната Влада грубо ги злоупотребуваат државните институции и ресурси.

И како член на ДУИ, и како градоначалник на општина Чаир, но и сега како член на ВЛЕН, Изет Меџити ги злоупотребува владините канцеларии за партиски состаноци и активности.

Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори постапка за злоупотреба на државните институции од политички функционери за партиски цели. Го повикуваме и вицепремиерот за добро владеење да ги извршува службените должности и да ги санкционира незаконските дејствија на неговите сопартијци.

Ваквите постапки се неподносливи и сериозно законско прекршување и го откриваат вистинското лице на коалиционите партии ВЛЕН, кои државните институции ги гледаат само како алатка за партиски придобивки, реагираат од Алијанса за Албанците

Текстот Алијанса за Албанците: ДКСК да отвори постапка за Изет Меџити, ги злоупотребува државните канцеларии е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro