Почеток СПОРТАлкалоид ги почна подготовките за новата сезона

Алкалоид ги почна подготовките за новата сезона

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ракометарите на Алкалоид гои „запалија моторите“ и полнааподготовките за новата сезона.

На првиот тренинг во салата „Автокоманда“ присуствуваше и Генералниот директор на Алкалоид Живко Мукаетов, кој им посака на ракометарите успешна сезона, исполнета со здравје, тимска сплотеност и со врвни натпреварувачки достигнувања.

Подготовките на Алкалоид во првата фаза ќе се реализираат во Скопје, па ќе продолжат во Маврово. Потоа се заминува на мини турнеја во Србија и Хрватска каде се планирани осум пријателски натпревари со ривали од Србија, Хрватска и Словенија.

Избраниците на Кирил Лазаров сезоната ќе ја отворат со двомечот против Хановер во второто квалификациско коло за ЕХФ Европската лига. Тие дуели се закажани во Германија на 30/31 август, а реваншот во Скопје е седум дена подоцна (6/7 септември).

Следете нé на социјалните мрежи

The post Алкалоид ги почна подготовките за новата сезона appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа