По денешната победа Алкалоид има одлична шанса за пласман во следната фаза на ЕХФ Купот. Македонскиот тим во Автокоманда славеше убедливо над Драгунас Клаипеда (42-31) во првиот дуел од 2. коло во натпреварувањето.
Со високата победа тимот на Кирил Лазаров обезбеди добра залиха пред реваншот кој ќе се игра во Литванија. На полувреме резултатот беше 18-12.
Во вториот дел македонскиот тим кој важеше за фаворит ја контролираше играта. Високиот плус стоеше константно на семафорот и на контото на Алкалоид, а на нешто помалку од десетина минути пред крајот се поведе и двоцифрено за првпат на овој дуел (36-25).
Најдобар стрелец кај победникот беше Никола Костески со десет гола, пред Арно Бинго со девет гола, додека кај Драгунас, Бенас Буткус имаше шест реализации.
The post Алкалоид со предност од 11 гола патува за Литванија appeared first on Република.