Вечерва го добивме првиот полуфинален пар на Ролан Гарос, а го сочинуваат Италијанецот Лоренцо Мусети и Шпанецот Карлос Алкараз. Мусети беше подобар од Франсис Тиафое, а Алкараз доминираше против Томи Пол и го победи со 3-0 во сетови (6-0, 6-1 и 6-4).
По првите два сета, се чинеше дека Американецот ќе претрпи вистинска срамота. Буквално ништо не му успеваше, но во третиот сет го подобри впечатокот. Пол успеа да поведе со 4-3, но тоа беше сè што можеше да направи во овој меч, бидејќи Алкараз потоа го засили темпото, ги доби следните три гема и го потврди своето место во полуфиналето.
Утре се играат преостанатите две четвртфиналиња помеѓу Синер и Бублик и Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев.
ФОТО/PHOTO: Roland Garros/Twitter/X
www.gol.mk