Шпанецот Карлос Алкараз во манир на скромно момче му честиташе на Јаник Синер за освоената титула на Вимблдон.
Италијанецот конечно го победи Алкараз во финале на Грен-Слем турнирите, на тој начин стигнувајќи до својот четврти трофеј од најпрестижните тениски собири.
„Тешко е да се прифати пораз во финале на Вимблдон, но Јаник одигра одлично минатата недела и заслужи да го освои трофејот. Можев да одиграм далеку подобро, ќе пробам да ги намалам грешките во иднина.
Ова ривалство со Синер е феноменално, се надевам дека ќе трае уште многу години. Мојот колега беше одличен на овој турнир, честитки за него, за неговиот тим и за целото негово семејство“, изјави Алкараз.
Алкараз имаше можност да стане само петтиот тенисер кој успеал трипати во низа да триумфира на „Ол Ингланд Клубот“, но потклекна пред првиот светски тенисер.
ФОТО/PHOTO: Wimbledon/Twitter/X
www.gol.mk