Почеток СВЕТ Американските разузнавачки агенции работат на сузбивање на руското и иранското мешање во изборите

Американските разузнавачки агенции работат на сузбивање на руското и иранското мешање во изборите

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Земјите кои се обидуваат да влијаат врз политичката ситуација во САД, предводени од Русија и Иран, спроведуваат дополнителни операции со намера да ја нарушат довербата на јавноста во интегритетот на изборите во САД и да ја поттикнат поделбата меѓу Американците, се вели во заедничката изјава на Националното разузнавање на САД, Агенцијата за сајбер безбедност и ФБИ.

Во соопштението се наведува дека Иран „останува значајна закана за странско влијание“, со наводи дека Техеран наводно ја компромитира кампањата на поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп, како и пресретнување на информации разменети од членови на штабот на Трамп и нивно објавување на јавност, пренесува Њујорк Тајмс.

Се додава дека, покрај тоа, Русија е сè уште „најактивната закана“ и дека Москва има намера „да внесе страв кај гласачите во однос на изборниот процес и да создаде мислење дека Американците користат насилство едни против други поради политички преференции“.

Текстот Американските разузнавачки агенции работат на сузбивање на руското и иранското мешање во изборите е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro