Боксерот Хулио Сезар Чавез Помладиот беше уапсен во Мексико откако беше депортиран од Соединетите Американски Држави. Американците го уапсија Чавез Помладиот во јули и го држеа во притвор повеќе од еден месец.
Во меѓувреме, тој беше депортиран во Мексико, каде што локалните власти го обвинуваат за поврзаност со наркокартелот Синалоа. Познато е дека Чавез Помладиот имал контакти со картелот Синалоа и дека бил во брак со братучетка на озлогласениот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман.
Познато е дека Чавез Помладиот имал контакти со картелот Синалоа и дека бил во брак со братучетка на озлогласениот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман.
Потерница за негово апсење е издадена во 2023 година по четиригодишна истрага, а по неговото пристигнување во земјата веднаш бил однесен во затвор во државата Сонора.
Националниот регистар на притворени лица потврди дека тој бил приведен откако бил фатен на границата. Депортацијата и постоењето на потерницата ги потврди и претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, додека јавниот обвинител не го објави тоа.
Мексиканските власти го обвинуваат боксерот дека е близок соработник на моќниот картел Синалоа, кој Американците го означија како терористичка организација од оваа година.