Висок претставник на администрацијата на Џо Бајден разговараше со новинарите по одмаздничкиот напад на Израел врз Иран.
Тие рекоа дека ова треба да биде крај на директниот оган меѓу Израел и Иран – но ако Иран одлучи да одговори, САД ќе бидат целосно подготвени да го одбранат Израел.
Бајден бараше израелската влада во последниве недели да спроведе насочен и пропорционален одговор на нападот на Иран пред еден месец, и се чини дека тоа се случи преку ноќ.
Американскиот функционер понатаму рече дека владата има и директни и индиректни канали за комуникација со Техеран, преку кои се соопштуваат позициите на американската влада.
Текстот Америка: Целосно сме подготвени да го одбраниме Израел доколку Иран одговори е превземен од МАКФАКС.