Почеток МАКЕДОНИЈА АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Авто–Мото Сојузот на Македонија информира дека на регионалниот пат Зрновци – Пониква, поточно на м.в„Белска крстосница“, од 28.10.2024 г. отпочнат е јавен протест кој ќе трае во наредните неколку дена. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква и кон с.Бели.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro