Почеток МАКЕДОНИЈААМСМ: Сообраќајот на регионалниот пат Скопје – Тетово е нормализиран, на Табановце се чека половина час

АМСМ: Сообраќајот на регионалниот пат Скопје – Тетово е нормализиран, на Табановце се чека половина час

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Сообраќајот на регионалниот пат Скопје – Тетово и обратно од 18:45 часот е нормализиран, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post АМСМ: Сообраќајот на регионалниот пат Скопје – Тетово е нормализиран, на Табановце се чека половина час appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа