Почеток КУЛТУРААнтонио Бандерас се враќа на филмското платно како безмилосен негативец

Антонио Бандерас се враќа на филмското платно како безмилосен негативец

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Антонио Бандерас ja игра главната улога во трилерот „Above and Below“, во режија на Џеси В. Џонсон. Заедно со него, главните улоги ги играат Лора Марано, Кристина Очоа и Марио Тардон.

Снимањето започна во Шпанија, а филмот го продуцира AF Films.

Заплетот следи група пријатели чиј одмор на море се претвора во борба за нивните животи.

Главниот лик, Татијана (Марано), е заробена во океанот – под неа се кријат ајкули, а над површината опасни криминалци.

За да преживее и да ги спаси своите пријатели, таа ќе мора да покаже извонредна храброст и снаодливост.

Бандерас го игра Бернс, ладнокрвен и пресметлив негативец кој го познава океанот и своето домашно тло. та домашна почва.

Тој е опишан како човек обликуван од насилство – тивок, но застрашувачки, со внимателно испланирани потези.

Засега, точниот датум на премиерата на филмот не е познат.

The post Антонио Бандерас се враќа на филмското платно како безмилосен негативец appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа