Почеток МАКЕДОНИЈААпел за помош на 38-годишниот Јовица Блажевски

Апел за помош на 38-годишниот Јовица Блажевски

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На 38-годишниот Јовица Блажевски-Јоце му е потребна помош за да ги собре средствата со кои би можел да ги продолжи терапиите во Москва со кои драстично му се подобрува здравствената состојба.

– Јовица Блажевски-Јоце има 38 години и боледува од церебрална парализа, повреден во инкубатор. Го започнал лекувањето во Русија, со пресадување матични клетки и има виден напредок во неговите флексибилност и координација и сè уште го вежба балансот, односно сè уште ја вежба рамнотежата, информира Билјана Јаневска која е иницијатор на хуманитарната акција за собирање на потребните средства.

Третманите на пресадување матични клетки се проследени со физикални вежби, масажи и вежби со роботика, кои видно ја подобруваат неговата состојба.

Од неможноста да јаде сам, да седи и да оди, по неколкугодишни третмани и физикални вежби во клиниката „Неуровита“ во Москва, Русија, успева да оди со одалка неколку метри, со одмор, да јаде и да се облекува, како и да извршува поголем дел од обврските самостојно.

Наредниот третман е закажан за септември 2025 година. Тој ќе трае 12 дена и чини 9.000 евра, а подразбира вбризгување матични клетки, изјави поранешната мис.

Телефоните за донации се: Телеком – 143 163 и A1 –143 461.

Билјана апелира, освен поединци, да се вклучат и хуманитарните платформи за што побрзо се соберат 9.000 евра, колку што се потребни за лекување на Јовица.

Текстот Апел за помош на 38-годишниот Јовица Блажевски е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа