Почеток СВЕТ Апсења во Германија и Полска поради осомничени за десничарски екстремизам

Апсења во Германија и Полска поради осомничени за десничарски екстремизам

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Германското федерално јавно обвинителство денеска соопшти дека осуммина осомничени членови на екстремно десничарска терористичка организација се уапсени во источногерманската покраина Саксонија и во Полска.

Како што јави ДПА повикувајќи се на властите, се претресуваат и околу 20 имоти. Претреси се вршат и во Австрија.

Обвинителството ги сомничи обвинетите дека припаѓаат на „Саксонските сепаратисти“, група за која веруваат дека е формирана најдоцна во ноември 2020 година.

-Ова е милитантна група составена од 15 до 20 луѓе, чија идеологија се карактеризира со расистички, антисемитски и делумно апокалиптични идеи, се вели во соопштението објавено од канцеларијата на обвинителството. (МИА)

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro