Почеток СВЕТ Арнолд Шварценегер ја поддржа Камала Харис

Арнолд Шварценегер ја поддржа Камала Харис

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Арнолд Шварценегер, поранешен бодибилдер, холивудска ѕвезда и републикански гувернер на Калифорнија, ја поддржа Камала Харис за претседател.

Во објава на социјалните мрежи, Шварценегер рече дека не сака да дава поддршка, дека мрази политика и не им верува на политичарите.

Тој напиша дека во последно време не ги сака ниту Републиканската ниту Демократската партија и дека сака да се „исклучи“, но не може.

„Бидејќи непризнавањето на резултатите од изборите е неамериканско“, напиша Шварценегер, мислејќи на одбивањето на републиканскиот кандидат Доналд Трамп да ги признае изборите во 2020 година што ги загуби.

Текстот Арнолд Шварценегер ја поддржа Камала Харис е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro