Почеток СПОРТАрсенал го договори трансферот на Ѓокереш

Арсенал го договори трансферот на Ѓокереш

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Арсенал и Спортинг Лисабон се пред финален договор за шведскиот напаѓач кој блесна минатата сезона со 54 гола во 52 натпревари.

Веста дека сè е договорено меѓу двата клуба ја пренесоа и “The Athletic” и спортскиот трансфер новинар Фабрицио Романо.

Договорот изнесува 63.5 милиони евра плус 10 милиони евра бонуси, а двете страни веќе се усогласени за поголемиот дел од условите.

Спорните детали околу бонусите се на пат да бидат надминати, а трансферот наскоро ќе биде официјализиран. Ѓокереш бил фокусиран само на Арсенал и не прифатил други понуди и покрај интересот од големи европски клубови.

Можно е и ова да ти се допаѓа