Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно упати реакција кон последните изнесени ставови од страна на вицепремиерот и член на ВЛЕН, Изет Меџити за случувањата со дивоградбите во општина Чаир. Арсовска предложи четири решенија, меѓу кои и апсење на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.
„-Итно апсење на Висар Ганиу за злоосторничко здружување, фалсификување јавни исправи, перење пари, злоупотреба на службена должност и за загрозување на животот и безбедноста на чаирчани.
-Прекин на 50-те нови згради дивоградби кои во моментов ги градите во Чаир, без проект, без дозвола, без да платите комуналии каде крадете вода и струја, а лажете дека се градени во 2010 година.
-Да се изготви Регистар на згради кои ќе се испитаат сеизмички, а измамените од вашите небезбедни облакодери дивоградби, Владата да ги обесштети за мирно да спијат во нов безбеден дом (ако можеше да се даде за Арачиново, може и за Чаир).
-Да почне во Чаир да ви функционира градежниот инспекторат на терен, а ако не смее тогаш Министерство за транспорт да ви ги одземе ингеренциите и Државниот градежен инспекторат да ви врши надзор“, објави градоначалничката на социјалните мрежи.
Ваквиот став следува откако Меџити пред два дена во една дебатна емисија, рече дека Арсовска не понудила никакво решение за проблемот со дивоградбите.
-По тоа што го кажува Данела треба таму да се рушат згради и да се остават стотици луѓе без домови да се влечат по судови. Не дава никакво решение, таа нема морално право да зборува затоа што четири години нема направено ништо за Чаир. Ние и обезбедивме средства како Влада само требаше да го тераат проектот „Цветан Димов“, но немаше волја од неа. Еве во моментов таа покажува дека е антиалбански и анти-Чаир настроена, зошто не се занимава со градбите во другите населби, зошто не се занимава со нејзиниот партнер во власта на градот Скопје…, рекол меѓу другото еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН.
The post Арсовска бара итно апсење на Ганиу и Владата да ги обесштети чаирчани кои живеат во дивоградби appeared first on Локално.