Почеток МАКЕДОНИЈААрсовска со прашање до Меџити: Зошто не ја рушиш дивоградбата на Османи, таман Висар има багери…

Арсовска со прашање до Меџити: Зошто не ја рушиш дивоградбата на Османи, таман Висар има багери…

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

По вчерашните обвинувања од вицепремиерот Изет Меџити дека потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи живее во дивоградба, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска постави прашање преку објава на социјалните мрежи. Ги спомна и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и министерот за транспорт, Александар Николоски.

„А со фалсификати и перење пари ли му е градена дивоградбата. Господине Изет, зошто не го срушиш тој од ДУИ, таман Висар има багери. Ако му е страв на Висар како по обичај, јавете му на министерот за транспорт Ацо Николовски пред да тргне да руши викендици во Охрид, нека ви заврши една услуга во Чаир. Ако не лажеш за ова, ете почни од таму и после продолжи накај оној 5 годишниот милионер што градел згради“, истакна Арсовска.

Меџити вчера ја обвини Арсовска дека не се занимава со градот Скопје туку само со Чаир, како и дека инцидентот во кој таа беше нападната бил поврзан со ДУИ.

-Ако сме до дивоградбите и кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир Бујар Османи, живее во дивоградба и затоа не може да зборува за дивоградбите, туку се скриени зад градоначалничката на Скопје за да ја искористат за време на кампањата, изјави Меџити.

Тој истакна дека не ја исклучува можноста тој да биде кандидат за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори во октомври.

The post Арсовска со прашање до Меџити: Зошто не ја рушиш дивоградбата на Османи, таман Висар има багери… appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа