Почеток СПОРТФудбал Атлетико ја сврте од „два во кец“

Атлетико ја сврте од „два во кец“

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е задоволен од играта на неговиот тим синоќа на натпреварот од 10. коло на Ла Лига со Леганес.
Домаќините славеа со 3:1 и покрај тоа што Леганес на полувреме водеше.

-Задоволен сум што успеавме да се вратиме од тешка ситуација откако противникот ни поведе. Одигравме одлично второ полувреме. Треба да продолжиме во истиот дух. На паузата им кажав на моите фудбалери дека се добро подготвени, дека работиме 15 дена, дека примениот гол не треба да не извади од ритам, изјави Симеоне за „As“.

Атлетико има 20 бодови и е на третото место на табелата во шпанското првенство.
Во следното коло избраниците на Симеоне ќе играат против бетис на 27 октомври.

The post Атлетико ја сврте од „два во кец“ appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro