Почеток СВЕТ БАЛКАНСКА ТУРНЕЈА НА ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Првата дестинација е Тирана, утре претседателката на ЕК доаѓа во Македонија

БАЛКАНСКА ТУРНЕЈА НА ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Првата дестинација е Тирана, утре претседателката на ЕК доаѓа во Македонија

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен попладнево ќе допатува во Тирана, што е прва дестинација од нејзината турнеја во шест држави од регионот.

Според соопштението на албанската Влада, со премиерот Еди Рама ќе се сретне во 15:15 часот во неговиот кабинет, додека заедничка изјава е планирана за 16:10 часот. Потоа двајцата ќе присуствуваат на свеченото отворање на Колеџот на Европа.

Агендата на Фон дер Лајен продолжува утре со средба со албанскиот претседател Бајрам Бегај во 10 часот, по што ќе отпатува за Македонија и Босна и Херцеговина.

Во БиХ ќе ги посети и подрачјата погодени од поплавите од 4 октомври.

Нејзината турнеја ќе продолжи во Србија каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, а на 26 октомври претседателката на Европската комисија ќе престојува во Косово каде ќе се сретне со претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти.

Косово, кое аплицираше за членство во ЕУ на 15 декември 2022 година, останува единствената земја во регионот што сè уште нема статус на земја кандидат.

Фон дер Лајен ќе ја заврши својата турнеја низ Западен Балкан во сабота на 27 октомври со посета на Подгорица, Црна Гора.

Главниот фокус на Фон Дер Лајен за време на нејзината посета на Западен Балкан ќе биде планот за раст вреден 6 милијарди евра, чија распределба се очекува да започне во текот на овој месец, а Албанија да има корист од околу една милијарда евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro