Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ „Барби“ го доби своето прво дете: Се породи Маргот Роби

„Барби“ го доби своето прво дете: Се породи Маргот Роби

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Актерката Маргот Роби се породи и го доби првото дете со сопругот Том Екерли.

За јавноста се уште не е познат точниот датум на раѓањето на бебето, како и името, додека близок извор за „Пипл“ тврди дека таа родила момче.

Веста за приновата излезе околу три месеци откако Маргот му откри на светот дека забременила, за време на одмор на езерото Комо во Италија. Една недела подоцна – двојката заблеска на Вимблдон.

Инаку, Марго и Том се запознале во 2013 година, на снимањето на филмот „Suite Française“.

– Ми се слоши од самата помисла да бидам во врска, а потоа ова ми се прикраде – се пошегува таа во интервју за „Вог“ во 2016 година, зборувајќи за големата љубов која се родила од пријателството.

The post „Барби“ го доби своето прво дете: Се породи Маргот Роби appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro