Почеток СВЕТ Бајден: Русија со месеци се обидуваше да гo поткопа изборниот процес во Молдавија, но не успеа

Бајден: Русија со месеци се обидуваше да гo поткопа изборниот процес во Молдавија, но не успеа

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска го поздрави реизборот на проевропската претседателка на Молдавија, Маја Санда, во вториот круг од претседателските избори во таа земја, оценувајќи дека „пропаднаа“ напорите на Русија да ги спречи тие избори.

„Русија со месеци се обидуваше да ги поткопа демократските институции и изборниот процес во Молдавија. Но, Русија не успеа“, се вели во изјавата на Бајден.

Тој го поздрави фактот дека „молдавскиот народ избра да оди по пат усогласен со Европа и демократиите на целиот свет“.

Молдавија ја потврди својата европска ориентација во неделата со реизборот на Маја Санду, во вториот круг од претседателските избори по тензиите и поради сомневањата за руско мешање.

Санду освои 54,9 отсто од гласовите, а Александар Стојаногло, 57-годишен поранешен обвинител поддржан од проруските социјалисти, освои 45 отсто.

The post Бајден: Русија со месеци се обидуваше да гo поткопа изборниот процес во Молдавија, но не успеа appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro