Почеток СПОРТ Белгиски фудбалер остана без прсти во обид да отстрани факел од теренот (ВИДЕО)

Белгиски фудбалер остана без прсти во обид да отстрани факел од теренот (ВИДЕО)

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Шокантни информации ни доаѓаат од ниските рангови во белгискиот фудбал. Играчот на четвртолигашот Менен, Фабио Скиафино, доживеал вистинска трагедија на последниот меч против тимот на Зелбеке, кој Менен го добил со убедливи 4-0.

Навивачите фрлиле факел на теренот, а Скиафино се обидел да го отстрани од полето, но во тој момент истиот експлодирал и му нанел сериозна повреда од која останал без еден прст на раката, а уште два се делумно откинати.

Да биде ситуацијата уште побизарна, инцидентот се случил токму на роденденот на Скафино, а повредениот фудбалер веднаш бил пренесен во болница, каде му била извршена операција на раката.

Навивачот кој го фрлил факелот е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава, а воедно ќе добие и неколкугодишна забрана за влез на фудбалските стадиони. Видеото од овој инцидент можете да го погледнете на ОВОЈ линк.

https://www.marca.com/futbol/futbol-internacional/2024/10/22/futbolista-pierde-dedos-explotarle-campo-cohete-granada-mano.html

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro