Почеток СВЕТБелгија го чествува својот Национален ден

Белгија го чествува својот Национален ден

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Жителите на Белгија денеска го чествуваат Белгискиот национален ден со серија активности, концерти, перформанси и презенации, при што главните настани ќе бидат Воената и цивилна парада во попладневните часови и вечерашниот голем концерт во Паркот на педесетгодишнината.

Манифестациите поврзани со чествувањето на Националниот ден ќе започнат од 10 часот во централнито градски Парк во Брисел, што се наоѓа пред Кралската палата, каде ќе бидат поставени штандови за забавни и детски активности, мини луна-паркови, фолклони настапи, „воено село“, „полициско село“ и концерти. Манифестациите во Паркот ќе траат до 20 часот.

Централниот настан на чествувањето ќе биде Воената и цивилната парада во централниот дел на Брисел на улиците во реонот околу Паркот, која ќе завршува пред Кралската палата каде ќе биде поставена централна ложа за кралското семејство, претставници на целнтралните, регионалните и локалните власти, дипломастскиот кор и гостите.

На Парадата ќе дефилираат војници од сите родови на Вооружените сили на Белгија, предводени од Кралската гарада, но и припадници на полициските сили, противопжарните единици и спасувачките и медицински служби.

Чествувањето на Белгискиот национален ден ќе заврши со голем концерт во Паркот на педесетгодишнината, во близина на зградите на институциите на ЕУ, кој ќе започне во 21 часот.

На концертот ќе настапат повеќе пејачи, бендови и ди-џеји, меѓу кои и Камил Јембе, Максим, Хелена, Франциско Шустер, Аксел Ред, Пит, Нетски, Колт, Кидс вит бунс, Јусеф Сватс, Ромео Елвис, К3, Ментиса, Ред Себастијан, Лост фреквенцис…. Концертот ќе биде проследен со светлосно шоу, специјални ефекти и огномет.

На Белгискиот национален ден се одбележува годишнината од крунисувањето на Леополд за прв „крал на Белгијците“ во 1831 година.

По повеќе векови минати под власт на Бургундија, Шпанија, Австрија и Франција, територијата на Белгија во 1815 година станува дел од новоформираното Обединетото Кралство Холандија. По период на постојани тензии на 25 август 1830 година во провинциите на Обединетото Кралство Холандија каде големо мнозинството од жителите биле католици почнува бунт против доминантно протестантската елита во земјата, познат како Белгиска револуција. По нешто повеќе од еде месец борби, белгиските револуционери кон крајот на септември ги потиснуваат холндските сили и на 4 октомври 1830 година е прогласена независна Белгија.

Со првиот Устав на земјата, изработен под влијаение на романтичниот национализам, кој е доминантен во тоа време, Белгија е дефинирана како „уставна и народна монархија“. Во текот на пролетта новите белгиски власти за свој монарх го бираат германскиот аристократ, војводата Леополд Георг Кристијан Фридрих фон Сакс-Кобург-Гота, зет на британскиот крал Џорџ Четврти, поради што ја имал поддршката на Лондон.

Тој на почетокот на јули пристигнува во Белгија и на 21 јули е крунисан за крал Леополд на Белгијците, владеејќи со земјата се до својата смрт во 1865 година.

На почетокот Белгискиот национален ден се прославувал на 27 септември, датум кога во 1830 година револувионерните сили ги протерале холандските војници од Брисел, но од 1890 година како Национален ден е утврден 21 јули со цел да се зајакне поврзаноста на чествувањето со монархијата и уставниот поредок.

Актуелниот белгиски крал Филип беше крунисан на 21 јули 2013 година, по абдикацијата на неговиот татко Алберт Втори.

Можно е и ова да ти се допаѓа