Почеток СВЕТБербок потрошила 20.849 евра за шминка за три месеци, а Шолц 13.015 евра за четки за пудра

Бербок потрошила 20.849 евра за шминка за три месеци, а Шолц 13.015 евра за четки за пудра

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Повеќе од 590.000 евра јавни пари се издвоени за шминкери и стилисти од кабинетот на поранешниот германски канцелар Олаф Шолц во периодот помеѓу 2022 и март 2025 година.

Билд тврди – оваа сума е потрошена за шминка и лак за коса во периодот од 2022 до крајот на 2024 година. Сметката на германското Министерство за надворешни работи предводено од Аналени Бербок, кое има најголеми трошоци за стилизирање, го опфаќа периодот до април 2024 година.

А што е потрошено помеѓу април и крајот на годината – останува непознато. Во јануари, февруари и март 2025 година, додадени се близу 50.000 евра за шминкери и сè е платено со пари на даночните обврзници.

Поранешната германска министерка за надворешни работи Аналени Бербок потрошила најмногу, а нејзината сметка изнесувала 20.849 евра во првите три месеци од 2025 година, или 248 евра секој ден само за шминка.

Поранешниот канцелар Олаф Шолц потрошил 13.015 евра за четки за пудра, според овие податоци.

Билд направи и споредба – за буџетот на Бербок, можно е да се купат 4.211 кармини по цена од 4,95 евра.

Текстот Бербок потрошила 20.849 евра за шминка за три месеци, а Шолц 13.015 евра за четки за пудра е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа