Според „Гардијан“, Стејси Вилијамс, која сега им а 56 години, го открила ова за време на онлајн разговор со здружението наречено „Преживеани за Камала“, кое себеси се опишува како коалиција на преживеани жртви на сексуален напад, и кое го поддржува демократскиот кандидат на изборите. Очигледно е дека оваа лажна приказна е измислена од Харис и нејзината изборна поддршка, одговори одговорната за кампањата на Трамп, Керолајн Левит
Нецели две недели пред изборите, САД ги тресе нова сексуална афера поврзана со Доналд Трамп, поранешен претседател и актуелен претседателски кандидат. Како што открива весникот „Гардијан“, поранешна манекенка го обвинува за сексуално злоставување во деведесеттите години од минатиот век.
Според наводите на весникот, сè се случило во кулата на Трамп, во Њујорк, на почетокот на 1993 година. Манекенката Стејси Вилијамс вели дека кај Трамп отишла на повик на Џефри Епстајн, американските финансиер, кој подоцна беше осуден за педофилија и сексуална трговија со малолетни лица и во 2019 година се самоуби во затворската ќелија.
Таа раскажува дека кога стигнала Трамп наводно ја привлекол кон себе, допирајќи ѝ ги градите, струкот и задникот. Вели дека била многу вознемирена и тврди дека тогаш го видела Трамп како му се насмевнува на Епстајн, а таа се почувствувала одвратно.
-Ме пипкаше, бев вознемирена, вели манекенката.
Таа раскажала дека по наводниот инцидент со Трамп ја напуштила кулата Трамп и почувствувала дека Епстајн ѝ се лути.
-Јас и Џефри заминавме, тој не ме погледна, ниту зборуваше со мене, а го почувствував како врие од гнев. Ме искара на улица и ме праша: „Зошто му дозволи да го направи тоа?“ Се чувствував одвратно и бев целосно збунета, изјавила таа и додала дека таа и Епстајн набрзо раскинале.
На новинарите Вилијамс им покажала разгледница која Трамп 1993 година неколку месеци подоцна ѝ ја испратил на нејзиниот агент. На неа е поглед од воздух на Мар-а-Лаго, неговата резиденција и одморалиште во Палм Бич, на која рачно било напишано „Стејси – вашиот дом подалеку од домот. Со љубов, Доналд.”
Според „Гардијан“, Стејси Вилијамс, која сега им а 56 години го открила ова за време на онлајн разговор со здружението наречено „Преживеани за Камала“, кое себеси се опишува како коалиција на преживеани жртви на сексуален напад, и кое го поддржува демократскиот кандидат на изборите.
-Идејата ова чудовиште да се врати во Белата куќа е мојот најлош кошмар – рече Вилијамс, која тврди дека по овој наводен напад се почувствувала понижена, имајќи предвид дека била жртва на „болна игра“ на поранешниот американски претседател и Епстајн.
Прашана дали размислувала да се огласи во минатото, како што други жени кои се појавија со обвинувања против Трамп, Вилијамс рекла дека сака да го избегне негативното внимание или да ги ризикува реакциите со кои се соочиле многу други преживеани.
-Ја напуштив работата. Намерно исчезнав затоа што сакав да бидам анонимна и ми се допаѓа мојот живот како обичен граѓанин. Потоа гледав што се случи со жените кои излегоа во јавност со нивните сведоштва. Тие претрпеа страшни навреди. Помислата да го направам тоа, особено како мајка, едноставно не беше возможна, изјави таа за „Гардијан“.
Поддржувачите на Трамп ги отфрлаат обвинувањата, а Керлојан Левит, одговорна за неговата кампања, објави соопштение во кое ги негира обвинувањата.
-Овие обвинувања, изнесени од поранешен активист на Барак Обама и објавени на покана на Камала Харис, две недели пред изборите, се недвосмислено лажни. Очигледно е дека оваа лажна приказна е измислена од Харис и нејзината изборна поддршка, рече Левит.
На почетокот на оваа година беа објавени судските документи за Епстајн,а во него покрај многуте звучни имиња, се споменува и она на Трамп. Новото обвинение доаѓа во време кога сè уште се свежи сеќавањата на судскиот процес против Трамп, во чиј центар беше порно ѕвездата Сторми Даниелс, со која тој имал сексуална афера, а потоа како претседателски кандидат за време на изборната кампања пред осум години, преку својот адвокат ѝ платил да молчи за тоа.