Почеток СВЕТ БиХ размислува за забрана на социјалните мрежи за малолетници: Постои опасност од радикализација преку интернет

БиХ размислува за забрана на социјалните мрежи за малолетници: Постои опасност од радикализација преку интернет

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, предложи забрана на социјалните мрежи за малолетници до 14 или 16 години, истакнувајќи дека зголемениот број терористички напади низ светот е предизвикан од малолетници меѓу 13 и 18 години кои се радикализирале преку интернет.

Нешиќ потенцира дека радикализацијата преку социјалните мрежи доведува до слични напади во БиХ.

Спомна и дека неодамнешниот терористички напад во Босанска Крупа, каде малолетник уби еден, а повреди друг полицаец, бил мотивиран од ваква радикализација.

Тој ова го оквалификува како „аларм за системот“ и истакна дека е неопходна анализа за подобрување на безбедноста во земјата.

The post БиХ размислува за забрана на социјалните мрежи за малолетници: Постои опасност од радикализација преку интернет appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro