Почеток СкопјеБобан Стефковски оддржа промоција на кандидатурата за втор мандат

Бобан Стефковски оддржа промоција на кандидатурата за втор мандат

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вчеравечер се оддржа јавен настан за промоција на кандидатурата за втор мандат за градоначалник на општина Гази Баба на Бобан Стефковски.

На настанот преку директни сведоштва зборуваа граѓани од различни профили пензионер, наставник, млад човек, земјоделец.. Сите тие заедно ја дадоа својата поддршка на кандидатурата за втор мандат на Стефковски.

Пред граѓаните се емитуваше и видео обраќање од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија Христијан Мицкоски кој истакна дека Гази Баба ќе ја има неговата поддршка во следните четири години.

“Во изминатите четири години Гази Баба чекореше напред. Тоа беше вистинскиот пат за граѓаните, за решавање на нивните проблеми. Бобан Стефковски е човек кој четири години работеше посветено но пред се чесно и остана со чист образ. Работник, жилав борец за подобра Гази Баба која не смее повеќе да запре. Човек на оваа партија, но и секогаш отворен и достапен за сите. Вашиот човек во општината. Боби, ја имаш мојата поддршка и Гази Баба ќе продолжи да ја има мојата поддршка. Верувам дека заедно ќе направиме многу повеќе и заедно ќе дојдеме до многу нови победи” истакна премиерот Мицкоски во видео обраќањето пред граѓаните.

На настанот се обрати кандидатот за градоначалник за втор мандат Бобан Стефковски кој на почетокот се заблагодари на граѓаните за нивното присуство, но и за поддршката која му ја даваат во изминатите четири години.

“Во вториот мандат, нема да го менуваме пристапот туку ќе је засилиме динамиката. Имаме уште многу работа. Ќе продолжиме да бидеме постојано на терен со граѓаните. Ќе работиме одговорно, чесно и домаќински. Имаме план, имаме тим. Најважно од се – ја имаме Вашата доверба! Гази Баба има иднина. Затоа што Гази Баба има луѓе. А со луѓето, со Вас народот – можеме се. Затоа вечерва Ве повикувам на локалните избори да донесете одлука за стабилност, сигурност и развој. Да продолжиме со нови проекти. Да не дозволиме сенки од минатото да ни се претставуваат како ликови за иднината. Гази Баба нема време за експрименти и враќање назад. Гази Баба оди напред! Ви благодарам за довербата. Ви благодарам за поддршката. Јас сум еден од Вас. Ќе работам за Вас и ќе бидам со Вас. За мене чистиот образ нема цена” истакна Стефковски.

На настанот присуствува и кандидатите за градоначалници на град Скопје Орце Ѓорѓиевски и Карпош Сотир Лукровски, пратениците Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Тони Јаревски, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и директорот на ЈПДП Коце Трајановски.

Можно е и ова да ти се допаѓа