„Ве молам, болката е преголема и сите се уште ја чувствуваме. Ве молам, таа тема да ја оставиме на политичките глодари и лешинари“ – вака изјави премиерот Христијан Мицкоски запрашан дали може да се објави да се објави целосната видео-снимка од состанокот со родителите од Кочани (чии што деца загинаа во дискотеката „Пулс“) што се одржал на 7 јули 2025 година во Владата.
Премиерот вели дека сочувствува со родителите, но бара темата да се „остави на лицата кои што навистина чувствуваат голема болка, а не на оние кои што сакаат да добијат ситни политички поени“.
Во реакција на соопштението од петокот на Владата, од Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ од Кочани велат дека целиот разговор бил снимен од негова страна.
-Доколку навистина стоите зад своите зборови и верувате во транспарентноста и чесноста, Ве повикуваме слободно да ја објавите целосната видеоснимка од тој состанок, за јавноста самата да се увери во вистината, се вели во соопштението на здружението.
Деновиве, контроверза предзвика епилогот од средбата на роднини на починатите со премиерот. Според соопштението на Здружението на граѓани „16 март 2025“ од Кочани, Мицкоски ги навредил повеќекратно, меѓудругото и бидејќи им рекол дека нивните барања се исти како тие на опозициската СДСМ, партија која достави предлог-закон во Собранието за помош на настраданите и дека наводно им рекол „да одредат деца за нивните деца“. Од Владата потврдија дека имало средба, но дека атмосферата и разговорот биле сосема поинакви. Демантираат дека се користеле зборови од типот „здраво, како сте“ и „колку чини“.
The post Болката е преголема, темата да ја оставиме на политичките глодари – рече Мицкоски запрашан дали може да се објави снимката од средбата со родителите од Кочани appeared first on Локално.