Доколку внимавате на килограмите, но не сте подготвени да се откажете од слаткото, не грижете се! Бомбиците од малина на Теодора Павловска (@myglutenfreecorner) не содржат глутен и додадени шеќери, па можете слободно да уживате во овој десерт, без гризење на совеста!
Состојки:
100 г замрзнати малини
40 г кокосово брашно
20 г безглутенски овес
40 г мед
За преливот:
25 г црно чоколадо
1/2 лажица кокосово масло
20 г замрзнати малини
Приготвување:
1. Блендирајте ги сите состојки додека се соедини смесата.
2. Земајте од смесата со лажиче или со црпалка за колачи и формирајте бомбици со дланките.
3. Стопете го чоколадото заедно со кокосовото масло и декорирајте ги бомбиците.
The post Бомбици од малина – без глутен и шеќер appeared first on Република.