Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИБРЗ ТЕСТ: Има само 5 прашања – дали сте подготвени да ја тестирате вашата интелигенција?

БРЗ ТЕСТ: Има само 5 прашања – дали сте подготвени да ја тестирате вашата интелигенција?

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Треба ли да се загрижите ако не одговорите точно на овие 5 прашања? Само еден начин постои да дознаете. На секое од 5-те прашања мора да одговорите веднаш, без одолговлекување. Имате 5 секунди. Подготвени? Почнуваме!

1. Учествувате во трка. Ја престигнувате личноста која е на второ место. На кое место сте вие?

2. За да одговорите на второто прашање не размислувајте толку долго колку за првото.

Ако во трката ја престигнете последната личност, тогаш вие сте…?

3. Многу зафркната математика! Ова мора да го решите без дигитрон или лист и пенкало.

Имате 1.000. Додајте 40. Сега додајте уште 1.000. Па додајте уште 30. Додајте пак 1.000. Сега додајте 20. А сега, додајте уште 1.000. На крајот додајте 10. Колку добивте?

4. Татко ѝ на Марија има 5 ќерки: 1. Нана, 2. Нена, 3. Нина, 4. Ноно.

Која е петтата?

5. Нема личност сака да купи четкичка за заби. Како го прави тоа? – Имитарјќи ги движењата за миење заби успева да ѝ објасни на продавачката што точно сака.

Ако слеп човек сака да купи темни очила за сонце, како тоа ќе ѝ го објасни на продавачката?

Одговори:

1. Ако сте одговориле дека сте први, не сте во право. Ако ја престигнете втората личност, го заземате нејзиното место, значи сте втори.

2. Ако сте одговориле дека сте претпоследни, повторно не сте во право. Како можете да ја престигнете последната личност?

3. Дали добивте 5.000? Точниот одговор е 4.100. Не верувате? Ајде сега обидете се со дигитрон.

4. Нуна? Не. Секако дека не. Нејзиното име е Марија, а одговорот е даден во прашањето.

5. Па со зборови, секако.

Можно е и ова да ти се допаѓа