Почеток Британскиот премиер: Израел има право да се брани, Иран не треба да одговори на овој напад

Британскиот премиер: Израел има право да се брани, Иран не треба да одговори на овој напад

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Британскиот премиер се јави од Самоа, каде што беше на состанокот на шефовите на влади на Комонвелтот и го коментираше одмаздничкиот напад на Израел врз Иран.

„Ова е ситуација во живо и очигледно внимателно ја следиме со нашите партнери“, рече Кир Стармер.

Тој повтори дека Израел има право да се брани од иранската агресија и повика на воздржаност од двете страни, додавајќи дека Иран не треба да одговори на овој напад.

„Ќе продолжиме да работиме со сојузниците за деескалација на ситуацијата во целиот регион“, рече тој.

Текстот Британскиот премиер: Израел има право да се брани, Иран не треба да одговори на овој напад е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro