Почеток СВЕТ БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР СТАРМЕР: Иран не треба да одговори на бранот израелски напади, ги повикувам сите страни да бидат воздржани

БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР СТАРМЕР: Иран не треба да одговори на бранот израелски напади, ги повикувам сите страни да бидат воздржани

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека Иран не треба да одговори на бранот израелски напади и истовремено ги повика сите страни на воздржаност.

– Јасно ми е дека Израел има право да се брани од иранската агресија. Подеднакво ми е јасно дека мора да избегнеме понатамошна регионална ескалација и ги повикуваме сите страни на воздржаност. Иран не би требало да одговори, рече Стармер, говорејќи на прес-конференција во Самоа, каде што присуствува на состанок на шефовите на влади на Комонвелтот.

Израелската армија ноќеска го нападна Иран, а за време на нападите, кои траеја неколку часа, мета биле 20 цели во земјата.

Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран веднаш откако израелската војска соопшти дека врши напади врз воени цели во Иран како одмазда за иранскиот напад врз Израел на 1 октомври.

Фото: ДПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro