Регистрациите на нови автомобили во Европа во јуни се намалија со најбрзо темпо за последниве 10 месеци, соопшти Европската асоцијација на производители на автомобили (АЦЕА) со седиште во Брисел, Белгија. Тоа ги одразува предизвикувачките светски економски услови за производителите на автомобили.
Продажбата на нови автомобили месецов се намали за 7,3 отсто, за разлика од зголемувањето од 1,6 отсто во мај. Ова е најостар пад од минатиот август, кога продажбата се намали за 18,3 отсто. Регистрациите на автомобили во Германија, пак, се намалија за 13,8 отсто, а во Франција за 6,7 отсто. Продажбата на автомобили во Италија е помала за 17,4 отсто.
Спротивно на тоа, Шпанија објави годишен пораст од 15,2 отсто. Во првата половина од 2025 година, продажбата на нови автомобили се намали за 1,9 отсто во однос на истиот период лани.
Уделот на пазарот на електромобили за првата половина од годинава изнесува 15,6 отсто, се вели во известувањето, што е сè уште далеку од онаму каде што е предвидено во зелената транзиција. Хибридно-електричните модели продолжија со порастот во побарувачката, задржувајќи го своето место како најпопуларен вид енергија меѓу купувачите.
The post Бројот на регистрации на нови автомобили во Европа со остар пад appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.