Почеток СПОРТ Бугарска фудбалска легенда ќе тренира тим од Македонија?

Бугарска фудбалска легенда ќе тренира тим од Македонија?

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Легендата на бугарскиот фудбал Красимир Балаков може да ја продолжи тренерската кариера во Македонија. Според турскиот портал „Balkan Futbolu“, Балаков е опција за тимот Гостивар од Првата лига на земјава.

„Македонскиот тим Гостивар е во преговори со Красимир Балаков за менаџерската позиција“, објавил порталот, пренесуваат бугарските медиуми.

Тимот од Гостивар во моментов го зазема третото место на табелата со 17 бодови, два помалку од лидерот Работнички и еден помалку од второпласираната Шкендија. Тимот е непоразен и има 4 победи и 5 нерешени во 9 натпревари, но и покрај тоа, од функцијата беше разрешен претходниот тренер Муарем Муарем.

Красимир Балаков последен пат беше на чело на Локомотив од Софија на крајот од минатата сезона, кога тимот беше во опасност од испаѓање. Предводени од поранешната бугарска легенда на репрезентацијата, се спасиле и избегнале дополнителни разигрувања со екипи од Втората лига.

The post Бугарска фудбалска легенда ќе тренира тим од Македонија? appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro