Почеток МАКЕДОНИЈА Бугарски европратеник: Скопје има силно лоби во ЕП и ја избра Софија за непријател

Бугарски европратеник: Скопје има силно лоби во ЕП и ја избра Софија за непријател

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Бугарија мора да има конзистетна политика кон Република Северна Македонија и да вложува сили и ресурси во нејзиното спроведување и развој, изјавил европратеникот Ивајло Валчев од групата Европски конзервативци и реформисти“ и член на партијата Има таков народ. Според него, РСМ е пред Бугарија во овој поглед.

На 4 јуни, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент се согласи да го одложи гласањето за извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ по предлог на известувачот Томас Вајц. Гласањето во парламентарниот комитет е закажано за 24 јуни, а во пленарната сала на Европскиот парламент (ЕП) во Стразбур во јули.

Валчев смета дека линијата на големата национална политика недостасува и една од неговите лични цели ќе биде Бугарија да почне да го спроведува својот начин на дејствување во наредните години, за да можат сите бугарски политики да бидат јасни и комуницирани.

-Лобито на Македонија во ЕП е силно и нескриено, а на Бугарија воопшто не ѝ треба лоби, бидејќи е земја-членка на ЕУ, нагласил Валчев.

-Веројатно, сите други треба да застанат на страната на една земја-членка и да ја споделат нејзината позиција, бидејќи на крајот на краиштата позициите на Бугарија се позиции на ЕУ. Во последните месеци, можеби бевме премногу тивки, премногу кротки и премногу дипломатски, а можеби не им покажавме на нашите европски партнери дека очекуваме да видиме многу поцврста поддршка, кажал европратеникот.

Валчев обвинува дека македонските власти ја користат антибугарската реторика како „фундаментален, камен-темелник на нивните обиди за градење национален идентитет“.

-Им треба непријател, тоа е повеќе од јасно. Ја избраа Бугарија, но не можеме да ги обвинуваме“, коментирал тој

Валчев потсетил дека во врска со претстојниот извештај за напредокот на Македонија во ЕУ е побаран нов состанок на известувачите за да се разговара за некои контроверзни прашања.

-Цврсто верувам дека известувачот Вајц ќе ја покаже мудроста што веќе еднаш ја покажа со одложување на извештајот и ќе свика таков состанок, нагласил европратеникот.

Според него, постојат две работи што ги загрижуваат европратениците.

-Како Бугарин, загрижен сум што извештајот на никаков начин не ја одразува состојбата на бугарските културни организации. Она што ги загрижува другите колеги не е толку содржината на извештајот, колку начинот на кој е работен и фактот дека официјалната македонска страна си дозволи да коментира за неговата содржина пред да биде виден, да дава коментари во врска со поединечните амандмани, објаснил Валчев во изјава за БТА.

Според него, односите меѓу Бугарија и Македонија не се билатерални, туку се односи меѓу ЕУ и Македонија, иако, како што вели, официјален Брисел се обидува да каже дека проблемот е билатерален, но на овој начин тоа е во спротивност со големата логика на Унијата.

The post Бугарски европратеник: Скопје има силно лоби во ЕП и ја избра Софија за непријател appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro