Почеток МАКЕДОНИЈА БУГАРСКИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: Во Македонија гласале 327 Бугари, за кои соседот и ЕУ бараат влез во македонскиот Устав

БУГАРСКИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: Во Македонија гласале 327 Бугари, за кои соседот и ЕУ бараат влез во македонскиот Устав

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вкупно 327 бугарски државјани во Македонија го искористиле правото на глас на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми од 2020 година. До затворањето на избирачките места, 158 луѓе гласале во бугарската амбасада во Скопје, 40 во конзулатот во Битола, 40 на гласачкото место во Прилеп, 51 во Охрид и 38 во Струмица.

На претходните избори во јуни, 340 Бугари гласале во Македонија.

Софиските медиуми, пак, пишуваа дека само 62 бугарски државјани гласале на изборите од земјата во која сакат да влезат во Уставот.

Бугарија никако да излезе од политичката нестабилност откако протестите против корупција помогнаа да падне владата на Борисов во 2020 и земјата оттогаш ја водеа краткотрајни влади.

„Ќе работиме на тоа да формираме влада. Сакаме да работиме со сите партии освен со Преродба“, изјави Борисов.

Најмногу гласови освои ГЕРБ на Бојко Борисов – 109, кој беше и победник на изборите со 24,46% гласови. За реформистичката партија Продолжуваме со промената гласаа 53 луѓе, додека ултранационалистичката Преродба доби 48 гласови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro