Почеток ЕКОНОМИЈА Вабтек МЗТ во минус во третиот квартал

Вабтек МЗТ во минус во третиот квартал

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вабтек МЗТ АД Скопје за периодот јануари – септември 2024 година остварил негативен финансиски резултат, нето загуба по оданочување во износ од 48.130 илјади денари, информираа од таму преку Македонската берза.

За овој период Друштвото остварило оперативни приходи во износ од 2.137.124 илјади денари, кои бележат пораст од 23% во однос на истиот пресметковен период од минатата година.

Вкупните оперативни расходи изнесуваат 2.032.644 илјади денари и бележат зголемување за 15% во однос на истиот период од минатата година.

-Остварената оперативна добивка во пресметковниот период од деловната година е позитивна, во однос на истиот пресметковен период од минатата година каде е негативна, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јавна опомена од Македонската берза за Вабтек МЗТ и ГТЦ

The post Вабтек МЗТ во минус во третиот квартал appeared first on еМагазин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro