6
Финецот Валтери Ботас ќе се врати на големата сцена во Формула 1, бидејќи се очекува од 2026 година да биде прв возач на новиот тим Кадилак, кој тогаш официјално ќе дебитира во шампионатот.
34-годишниот Ботас се очекува веќе следната недела да биде претставен во новата улога. Искусниот Финец во кариерата возеше за Вилијамс, Мерцедес, Алфа Ромео и Заубер, а оваа сезона има улога на резервен возач во Мерцедес, каде што му помагаше на талентираниот Кими Антонели во првата Ф1 кампања.