Почеток СПОРТВардарци ги почнаа подготовките за новата сезона

Вардарци ги почнаа подготовките за новата сезона

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Со тренирање во групи и медицински прегледи, ракометарите на Вардар ги почнаа подготовките за новата сезона.

Тренерот Иван Чупиќ на првиот тренинг имаше дел од ракометарите кои почнаа со работа со кондицискиот тренер, а другите треба да ги минат задолжителните медицински прегледи.

Сите ракометари на кои клубот смета сезонава се во Скопје.

Во следните денови ќе се завршат сите прегледи, а потоа од понеделник почнуваат и тренинзите во сала. Потоа екипата заминува на висински подготовки, а до крајот на месецот треба да се одиграат и неколку контролни натпревари, и турнири.

Пред почетокот на сезоната ќе се одржи и мечот од Супер Куп, на 3 септември. Местото на одигрување дополнително ќе биде одредено.

Покрај обврските на домашната сцена, вардарци ги чека и настап во групната фаза на Европската лига.

The post Вардарци ги почнаа подготовките за новата сезона appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа