Ракометарите на Вардар 1961 ќе бидат во групата Ф со Кристијанштад од Норвешка, Феникс Тулуз од Франција и победникот од двомечот меѓу хрватските состави Дуго Село и Сесвете.
Ако нема измени заради ТВ правата на одредени земји, вардарци ќе започнат и ќе завршат во групната фаза со домашни натпревари.
Европска лига
Група Ф
Распоред на натпревари:
14 октомври.2025 – Вардар 1961 – Дуго село/Сесвете
21 октомври 2025 – Тулуз – Вардар 1961
11 ноември.2025 – Вардар 1961 – Кристијанстад
18 ноември 2025 – Кристјанстад – Вардар 1961
25 ноември 2025 – Дуго Село/Сесвете – Вардар 1961
02 декември2025 – Вардар 1961 – Тулуз
Двете најдобри екипи од секоја група ќе играат директно во осминафиналето, а третопласираната екипа ќе разигрува бараж-двомеч во февруари 2026 година.