Екипите на Вардар и Шкендија останаа двата македонски претставници на европската фудбалска сцена.
Тетовци веќе утре ќе го играат првиот меч од втората квалификациска рунда за Лигата на шампионите, а Вардар во четврток во Конференциската лига.
Денеска пак двата тима ќе ги дознаа можните ривали за третата рунда.
Доколку шампионот Шкендија го мине романскиот тим на ФЦСБ, тогаш во 3.коло би играла со победниците од дуелите: Ноа/Ференцварош, Пафос/Макаби или Шелбурн/Карабах. Во случаја на неуспех, елиминација, Шкендија ќе продолжи во Лига Европа. Таму пак можни противници се победниците од дуелите: Пафос/Макаби, Слован/Зрињски или Копенхаген/Дрита.
Кај Вардар ситуацијата е чиста, да се мине швајцарската Лозана, а потоа да се разлиснува за третото коло. Во него вардарци би играле со победник од дуелите: со Лозана можните ривали се: Актобе/Спарта Прага, Омонија/Торпедо, Зимбру/Астана, Рига/Дила Гори или Хибернианс/Спартак Трнава.
Ждрепката за Лигата на шампионите е во 12 часот, а во 14 часа подоцна извлекувањето за Конференциската лига.
The post Вардар и Шкендија ја чекаат денешната ждрепка во УЕФА appeared first on Sport Plus Macedonia.