Екипата на Вардар вечерва ќе го игра својот трет натпревар на европската фудбалска сцена. Вардарци во второто квалификациско коло за Конференциската лига за противник го имаат швајцарскиот тим на Лозана.
За разлика од првата рунда во која се соочија со екипата на Ла Фиорита од Сан Марино, вардарци сега ги очекува потешка задача.
Сепак во таборот на црвено-црните владее оптимизам, дека со поддршка од своите навивачи, вардарци може да обезбедат поволен резултат за реваншот во Швајцарија следната недела.
Нѐ очекува тежок натпревар во првите 90 минути во Скопје. Лозана е добар противник, тим кој лани заврши петти во швајцарското првенство, кое е се поквалитетно.
Но, ние треба да излеземе и да покажеме карактер. Многу ќе зависи колку противникот ќе ни дозволи да играме.
Се надевам дека нашите момци кои ќе излезат на теренот ќе го дадам максимумот и ќе имаме добар резултат пред реваншот кој е во Лозана за седум дена“, изјави вардаровиот тренер Гоце Седлоски.
Дуел што ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ во Скопје ќе почне во терминот од 20.30 часот.
Истиот ќе може да го следите низ директен ТВ предност на МРТ3 (овде)
The post Вардар против Лозана вечерва на „Тодор Проевски“ appeared first on Sport Plus Macedonia.